Home КУЛТУРА Настани Настани на „Топол културен бран“ за четврток (20 август) и петок (21...

Настани на „Топол културен бран“ за четврток (20 август) и петок (21 август)

SHARE

Програмскиот културен концепт на настани кои се одржуваат во рамките на манифестацијата „Топол култутрен бран“ која се одржува во општините ширум земјава, со поддршка од Министерството за култура ќе понуди интересни содржини за деновите кои следуваат.

Имено, во четврток (20 август) посетителите и жителите на Општина Свети Николе ќе можат да го погледнат џез концертот на „Мицанов-Поповски квартет“ што ќе се одржи на летната сцена со почеток во 20 и 30 часот. Наредниот ден, пак, петок ќе биде во знакот на филмската магија. Имено, со почеток во 20 и 30 часот во Железна Порта ќе се одржи филмска вечер во чии рамки ќе биде прикажан филмскиот опус на Љубиша Георгиевски.

Граѓаните на Општина Ресен во петок, 21-ви август ќе можат да го проследат стенд ап перформансот на актерката Весна Петрушевска што ќе се одржи во Кино салата при Домот на културата во Ресен со почеток во 21 часот.

И жителите на општина Валандово ќе можат да бидат дел од културните бранувања овој месец. Имено, во петок, на 21 август во Домот на културата со почеток во 20 часот, ќе се одржи изложба на дела од Меѓународната Струмичка ликовна колонија, на која учество ќе земе и Мандолинскиот оркестар од село Јосифово.

Во состав на „Топол културен бран“ предвидено е да се одржат неколку културни настани и во Општина Кратово. Имено, на 20-ти август, во четврток со почеток во 12 часот во Музејот на град Кратово ќе се одржи поетски портрет „70 години Тодор Чаловски“. Презентацијата ќе биде во изведба на актерот Страшко Милошевски.

Во општина Неготино културните бранувања што се планирани за месец август ќе бидат од разновиден карактер. На 21-ви август во петок во Музејот на град Неготино со почеток во 20 часот ќе се отвори изложба на фотографии, насловена „Традиционална рурална архитектура во Потпелистерието“.

Во Општина Крушево во моментов се одржува „Европскиот и Словенски национален шампионат во Змајарство-2015“. На истиот, учество земаа параглајдеристи од цел свет кои се шампиони во дисциплината параглајдрство. Локацијата од каде ќе се полетува е Мечкин Камен. Натпреварот е веќе во тек. Неговиот официјален старт беше на 16-ти август, а ќе трае се до 23-ти август, недела.

Во пресрет на чествувањето на празникот „Св. Спасо Радовишки“, Општината Радовиш на своите жители и посетители им подготви богата културна и забавна програма за овој викенд. Имено, на 20-ти август, четврток со почеток во 18 часот ќе се одржи вечерна богослужба во храмот „Св. Троица“. Потоа во 19 и 30 часот поворката луѓе ќе се упатат кон Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“. Во 21 часот во дворот на храмот Св. Троица“ ќе се одржи духовна академија. Станува збор за духовен концерт на црковни мелодии на кој учество ќе земат и гости од Република Бугарија.

Наредниот ден петок, со почеток во 8 часот наутро ќе се одржи света литургија во храмот „Св. Троица. По завршувањето на истата во црквата Св. Ѓорги во цело Ораовица ќе биде организиран и свечен ручек. Вечерта пак, ќе биде резервирана за концерт на хип-хоп дуото ДНК, што ќе се одржи на градскиот плоштад „Св.Спасо Радовишки“ со почеток во 21 часот.

РЕКЛАМИ:
Loading...