Home ЗАБАВА Занимливости Науката потврди: Овие 10 песни најдобро не расположуваат

Науката потврди: Овие 10 песни најдобро не расположуваат

SHARE

„Don’t Stop Me Now“ класикот на Queen се најде на чело на листата песни кои го подобруваат расположението.

Имено, хитот на легендарната британска група, која за прв пат е објавена пред 37 години, позитивно влијае на расположението на слушателите.

До овој заклучок дошол др. Јакоп Јолиј, експерт од областа на невронауката на холандскиот универзитет Гронинген, кој ги анализирал коментарите на слушателите на 50 хитови што ги одбележаа последните пет децении.

Својата листа на песни за „убаво расположение“, холандскиот истражувач ја составил на основа на три критериуми: позитивни зборови, ритам од 150 удари во минута и повисок тоналитет.

„Со помош на песната, потсвесно се покренува енергијата“, објаснува др. Јолиј за Дејли Мејл, кој за потребите на своето истражување развил посебна математичка формула.

слушање музика

Ова се 10-те песни кои не расположуваат:

1. Queen – Don’t Stop Me Now

2. Abba – Dancing Queen

3. The Beach Boys – Good Vibrations

4. Billy Joel – Uptown Girl

5. Survivor – Eye Of The Tiger

6. The Monkees – I’m a Believer

7. Cyndi Lauper – Girls Just Want To Have Fun

8. Bon Jovi – Livin’ On A Prayer

9. Gloria Gaynor – I will survive

10. Katrina And The Waves – Walking On Sunshine

РЕКЛАМИ:
Loading...