НБА плеј-оф: Клиперси се вратија од минус 27

    SHARE

    Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс поведоа со 1:0 во победи против Мемфис во 1.коло од НБА плеј-офот, откако ноќеска на гостински терен остварија победа од 99:98 иако на две минути до крајот на третата четвртина губеа со 27 поени разлика (84:57).

    Во 39.минута резултатот беше 95:71 за Мемфис и од тој момент домаќините за девет минути игра постигнаа само три поени, а примија 28 за еден од најголемите пресврти во историјата на НБА плеј-офот.

    На другите натпревари од 1.коло во плеј-офот од Западната конференција постигнати се следниве резултати: Сан Антонио – Јута 106:91 и Лос Анџелес Лејкерс – Денвер 103:88.

    На „Истокот“ ноќеска се одигра само еден дуел. Атланта го победи Бостон со 83:74 за 1:0 во победи.

    Вечер се играат три втори натпревари од 1.коло. Двојките се: Мајами – Њујорк (1:0 во победи), Индијана – Орландо (0:1) и Оклахома – Далас (1:0).

    РЕКЛАМИ:
    Loading...