Home INFO Нејмар тешко повреден, го пропушта реваншот во Минхен, но може да присуствува...

Нејмар тешко повреден, го пропушта реваншот во Минхен, но може да присуствува на роденденот на неговата сестра!

реклама:

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар се повреди на последниот натпревар од француската Лига 1 против Лил, кој неговиот тим го доби со 4:3.

Парижаните стравуваа дека еден од нивните најдобри играчи ќе го пропушти реваншот од осминафиналето против Баерн Минхен поради повреда, а за нивна несреќа, токму тоа и се случи.

Францускиот весник „Паризиен“ ексклузивно пренесува дека Бразилецот делумно ги скинал лигаментите на зглобот на десниот скочен зглоб и затоа ќе отсуствува три до четири недели.

Практично, тоа значи дека Нејмар нема да биде на теренот на 8 март на „Алијанц Арена“, кога ПСЖ ќе се обиде да ја надополни негативата од 1:0 од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.

Случајност или не, само Нејмар уште еднаш ќе биде надвор од теренот за роденденот на својата сестра на 11 март.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------