Home INFO Не е се така сјајно како што изгледа: бизарни детали од бракот...

Не е се така сјајно како што изгледа: бизарни детали од бракот на славниот Џони Деп

реклама:G Natural

Актерот Џони Деп имаше тежок период по разводот со актерката Амбер Хард.

Во 2016 година, актерот страдал од депресија кога пред очите му се рушеле професионалниот и приватен живот.

Амбер поднела барање за развод еден ден пред погребот на мајката на Џони, а тој бил соочен и со обвинувањата дека ја нападнал, но се негирал.

Деп за странски таблоид изјавил дека поранешната сопруга го казнила бидејќи тој пропуштил два часа од нејзината прослава на триесеттиот роденден, така што во брачниот кревет му ставила измет!

Оваа приказна беше потврдена од страна на нивната поранешна куќна помошничка, која рече дека Деп вознемирен излегол надвор од спалната соба во нивниот пентхаус во Лос Анџелес.

Амбер ова ужасно обвинување го отфрли, велејќи дека нивното куче Bу направило “мал проблем”.

“Тоа некогаш едноставно неможе да издржи и врши нужда каде што ќе стигне. Инаку тоа е честа појава кај кучињата. Ние неможеме ништо повеќе да изјавиме во овој момент”, рекоа од адвокатскиот тим на Хард.

Џони Деп и Амбер Хард се разведоа минатата година, откако актерката се согласи да ја повлече тужбата за семејно насилство во замена за седум милиони долари, кои нејзиниот поранешен сопруг ги уплати за хуманитарни цели.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“