Home INFO Не е веќе омилена? Меган Маркл доби силна шлаканица од познатиот британец

Не е веќе омилена? Меган Маркл доби силна шлаканица од познатиот британец

SHARE

Поранешната актерка, сега војвотка и сопруга на принцот Хари, Меган МАркл, за многу краток период стана една од најомилените личности во Британија но и во светот.

Дури ни скандалите кои секојдневно и ги приредуваше нејзиното семејство не успеваа да ја оцрнат симпатичната Меган.

Но деновиве се појавија гласини кои како да го засенуваат епитетот омилена во кралското семејство.

По обвинувањата дека Меган диктаторски се однесувала со персоналот но и со Кејт Мидлтон, нови обвинувања пристигнаа од Пирс Морган, познат британски новинар кој јавно ја оцрни бившата актерка.

Пирс Морган, новинар кој е познат како човек без влакна на јазикот и работел како уредник на најпознатите британски таблоиди како Сан и Дејли Мирор , објави напис во кој пишува за Маркл, опишувајки ја како бескрупулозна второкласна актерка, која е со луѓето од кои може да има корист.

,,Кога веќе не и користат, ги отфрла, а тоа ми се случи и мене.” напиша Морган.

Тие преку социјалните мрежи станале пријатели во 2015 година. Пријателството го одржувале со бројни пораки и преку социјалните мрежи.

Во 2016 Меган дошла во Лондон и тогаш за прв пат се сретнале .

На вечерата Меган дознала дека Морган е славна личност во Британија, но токму тогаш во ресторанот го запознала принцот Хари.

Од тој момент, Маркл ја прекинала врската со Морган, иако тој смета дека е главен ,,виновник “ што имала шанса да влезе во високото друштво во Британија.

,,Меган Маркл е егоцентрична, професионална второкласна актерка , која добила животна улога и е решена да ја искористи колку што може подобро. Последните 20 години им се умилкуваше на луѓето , се додека престанаа да бидат корисни. По тоа , ги отфрла без поздрав , а уште помалку објаснување. Знам , бидејќи и јас бев еден од нив. “ , напиша познатиот писател на блогови.

РЕКЛАМИ: ---