Home LIFE STYLE Храна Не го фрлајте стариот леб, искористете го за овој вкусен рецепт

Не го фрлајте стариот леб, искористете го за овој вкусен рецепт

SHARE

Денес како предјадење или закуска подгответе ја оваа погача од стар леб …

Потребно е:

околу 800 гр стар леб
150 мл млеко
500 мл јогурт
2 јајца
1 лажиче сол
1 лажица рендан пармезан
на врв на нож сода бикарбона
1 лажица путер, за премачкување на тавата
сусам, ким, ленено семе, по желба – за посипување

Подготовка:

– Лебот исечете го на мали коцки, постепено прелијте го со млеко и измешајте го со рака (кога смесата ќе стане тврда и мокра, престанете со додавање на млеко).

– Изматете ги јајцата и додадете ги јогуртот, солта, пармезанот и сода бикарбона. Матете додека да добиете хомогена смеса.

– Додадете го лебот и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Тавата во која ќе ја печете погачата убаво премачкајте ја со путер и распоредете ја смесата. Посипете со малку масло и на крај со сусам или пак со други семки, по желба.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути, додека убаво не порумени.

Погача од стар леб (рецепт)

МИА

РЕКЛАМИ:
Loading...