Home INFO Не и било лесно… Детали од трагичниот живот на мајката на Луна...

Не и било лесно… Детали од трагичниот живот на мајката на Луна Џогани

реклама:G Natural

Животот на мајката на Луна Џогани – Анабела, се чини дека никогаш не бил лесен и едноставен.

Додека била средношколка, пејачката живеела во Сараево и таму и се случила најголемата љубов, ракометарот Никола.
Со само 16 години таа заедно со Никола се заминала во Швајцарија.

Набрзо започнала војната во тогашна Југославија па Анабела не била во можност да се врати назат. Никола се вратил во татковината со цел да ги посети своите родители и неколку дена подоцна бил пронајден мртов.

“Ми се чини дека никогаш немав време вистински и до крај да тагувам за него. Ова го сфатив кога првпат отидов на неговиот гроб, петнаесет години по неговата смрт. Во тој момент се ми се врати како бумеранг. Кога почина Никола имав 17 години и имам впечаток дека сум живеела два живота- еден пред него и еден кој започна по неговата смрт. И денес е дел од мене и колку и да боли сеќавањето на него, се трудам никогаш да не избледи сеќавањето на него”- изјави своевремено Анабела.

По трагедијата таа се сели во Белград. Работела како секретарка а еден ден одлучува да се запише во училиштето за танц “Џогани”.

Овде се заљубува во инструкторот Гаги Џогани, со кој подоцна го оформува дуетот Фанки Џи кој беше еден од најпопулрните групи во деведесетите.

Во 1995 Анабела имала операција со која и бил отстранет тумур на дојката. Наскоро по операцијата стапува во брак со Гаги а во 1996година ја роди ќерката Луна.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“