Home INFO Не му доаѓа памет: Дарко Лазиќ повторно прави скандали

Не му доаѓа памет: Дарко Лазиќ повторно прави скандали

фото: Инстаграм
реклама:Велигден со Стаф

По повеќе од еден месец боледување во болницата во Земун, по страотната сообраќајна несреќа, познатиот фолкер Дарко Лазиќ замина на рехабилитација во бања.

Овде престојува неколку дена, а веќе успеал да го наруши спокојот на останатите пациенти.

Имено кога пристигнал во бањата, Лазиќ бил срдечно пречекан од останатите пациенти, а тој на шега им возвратил дека со песна ќе се обиде да им ја олесни рехабилитацијата.

Но со оглед на случувањата, Лазиќ ова буквално и го прави.

Од неговиот апартман постојано се слушала гласна музика, а дополнителна гужва и галама правеле пријателите и вереницата на Дарко кои постојано доаѓале во посета и останувале до доцна.

Пациентите повеќе не можеле да ја поднесат гласната музика и гужвата, па од одговорните побарале пејачот да добие опомена, а доколку не се смири и да биде исфрлен од бањата.

Како што дознава српскиот портал еспресо.рс, Лазиќ овде ќе се рехабилитира околу 40 дена, а уплатил огромна сума за кралски третман.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------