Home КУЛТУРА Кино Недела на современ јапонски филм во Кинотека на Македонија

Недела на современ јапонски филм во Кинотека на Македонија

SHARE

Филмскиот циклус „Недела на современ јапонски филм 2015“ од утре до сабота ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија.

Сите филмофили и љубители на јапонската култура ќе имаат можност да погледнат филмови во најразлични жанровски категории.

Годинава тематската целина на филмскиот избор е „Динамична Јапонија“. Ќе бидат прикажани филмот со боречки вештини „Танчарот карате кид“, акциониот филм „Опасни женски“, комедијата „Кралот на извинувањето“ и документарецот „Филм за Накамура Канзабуро“.