Home ЗАБАВА Занимливости Необична љубовна молба: Владимир од Њујорк ја бара Ева од Македонија

Необична љубовна молба: Владимир од Њујорк ја бара Ева од Македонија

SHARE

Само пет дена пред „Денот на вљубените“, на српското радио „Radio S“ пристигна необична љубовна молба.

Владимир од Њујорк по само една случајна средба со македонката Ева, реши да ја бара за да и каже дека се вљубил на прв поглед.

Во утринската програма на „Radio S“ им пристигнала порака од Владимир, која вели:

Здраво друштво, ве слушам редовно иако сум далеку од родниот крај. Пред неколку дена случајно ја запознав Ева, а срцето ми е исполни уште повеќе кога ми рече дека е македонка. Ева ми даде број, но јас го изгубив извинете малку сум трапав. Само знам дека се вљубив и дека ја барам, а вие можете да ми помогнете. Поради тоа ве молам да ја најдете и уште нешто… Ева од Њујорк вчера пристигна во Скопје. Ја видов само еднаш во метро и веќе ми недостасува.

Доколку ја познавате Ева која пристигнала вчера од Њујорк во Скопје, пренесете и дека Владимир ја бара.

Се надеваме дека до „Денот на вљубените“, Владимир ќе ја пронајде неговата нова љубов.

ВИДЕО: Пораката на Владимир преку „Radio S“

РЕКЛАМИ:
Loading...