Home ЗАБАВА Видео Неодолива панда ги направи првите чекори (видео)

Неодолива панда ги направи првите чекори (видео)

SHARE

Бебето панда Шао Ливу од калифорниската зоолошка градина во Сан Диего за првпат излезе пред публика и ги освои срцата на сите посетители.

Пандата ги направи првите чекори пред насобраните медиуми и посетители кои одушевено го следеа секое нејзино движење.

„Многу сме возбудени што нашата панда излегува пред публика. Сум работела со многу различни животни, но има нешто уникатно и слатко во пандите. Тие имаат неодолив изглед што ретко се наоѓа во другите животни“, рече портпаролката на зоолошката, Кристина Симонс.

5-месечната неодолива панда секој ден ќе биде снимана по неколку часа, а сето тоа ќе може да се види на официјалната страна на зоолошката.

РЕКЛАМИ:
Loading...