Home ЗАБАВА Занимливости Несекојдневен раскош: Го украсија дрвото со 10.000 велигденски јајца

Несекојдневен раскош: Го украсија дрвото со 10.000 велигденски јајца

SHARE

Поради традицијата на украсување на дрво со велигденски јајца, едно семејство од Германија поминало две недели во украсување.

Дрвото го украсуваат веќе неколку години и на тој начин привлекуват голем број на туристи.

Оваа година на своето дрво закачиле дури 10.000 рачно обоени и украсени јајца.

Украсувањето на дрвата е многу популарно во Германија и не е воопшто необично да видите такво во некој двор.

Дрвото украсено со велигденски јајца таму се вика „Eierbaum“, „Osterbaum“ или „Ostereierbaum“, што во превод значи „дрво од јајца“ или „украсено дрво“.

дрво со јајца

Криста и Вокер Крафт од Салфед сериозно си ја сфатиле оваа задача, па оваа година со своето семејство рачно украсиле повеќе од 10.000 јајца.

дрво со јајца

Украсувањето на дрво со јајца стана традиција за семејството Крафт која трае уште од 1965 година, кога прв пат украсиле дрво со 18 јајца.

Во 1994 година дрвото го украсиле со 350 јајца, а оваа година одлучија да ги соборат сите рекорди и го украсија со дури 10.000 јајца.

дрво со јајца

На овој начин семејството Крафт од својот дом направија туристичка атракција која секоја година привлекува илјадници посетители.

дрво со јајца

дрво со јајца

РЕКЛАМИ: ---