Home ЗАБАВА Tv + Reality Нешто се крчка: Елена Ристеска и Дадар во сага за една пастрмка...

Нешто се крчка: Елена Ристеска и Дадар во сага за една пастрмка (видео)

SHARE

Во вчерашното издание на емисијата „Нешто се крчка“ на Телевизија 21, чиј што уредник и водител е Ненад Ѓоргиевски гледачите можеа да уживаат во друштво на во гостувањето на поп пејачката Елена Ристеска и стилистот и шминкер Александар Биљановски – Дадар.

Покрај разговорот за секојдневните ангажмани гледачите можеа да ги слушнат нивните приказни за патот до успехот и почетоците на нивната кариера.

Дадар раскажа дека уметничкиот талент го наследил од неговиот татко а првата „жртва“ за шминкање била неговата сестра Александра. Тој додаде дека во средно школо имало период кога и буквално го издржувал своето семејство со заработените пари од шминкањето.

Елена зборуваше дека навистина е тешко кога еден уметник треба сам да ја води својата кариера споредувајки ја соработката со „М2 продукција“ која што се грижеше за нејзината кариера до пред некоја година и сега кога тоа го прави сама.

Во делот од кујната успеаа да се докажат и добро да се снајдат во готвењето, а што „скрчкаа“ и како тоа на крајот излезе погледнете го видеото со целата емисија.

РЕКЛАМИ: