Home ШОУ БИЗз Балкан Нешто се крчка: Марија Шерифовиќ зготви мусака на телевизија (видео)

Нешто се крчка: Марија Шерифовиќ зготви мусака на телевизија (видео)

SHARE

Марија Шерифовиќ во сабота ќе го одржи својот прв концерт во Македонија, а пред нејзиниот настап реши да зготви нешто.

Иако често во своите интервјуа ќе каже дека не знае ниту јајце да спржи, овој пат добро се покажа во кујна.

Марија во емисијата „Нешто се крчка“ на ТВ21 верувале или не зготви мусака.

Ако се земе во предвид дека 15 години пејачката има жена која и готви, а често знае да оди и на ручек кај нејзината мајка Верица Шерифовиќ, мусаката излезе супер.

Во процесот на готвење и помагаше водителот Ненад Ѓоргиевски кој одлично се снајде со „неискусната“ Марија.

Пред концертот во Скопје, пејачката во „Нешто се крчка“ ја имаше македонската ТВ премиера на нејзиниот нов спот „Није љубав то“, па во продолжение погледнете како готви, но и звучи Марија.