Home ЗАБАВА Tv + Reality НЕШТО СЕ КРЧКА: Пијана риба, силиконски гради и многу убавина на едно...

НЕШТО СЕ КРЧКА: Пијана риба, силиконски гради и многу убавина на едно место (видео)

SHARE

Веќе добро знаете дека помеѓу малиот број на забавни шоу програми на нашите телевизии секој понеделник во 21:30 часот можете да уживате во забавата на телевизија за целото семејство со емисијата „Нешто се крчка“ чиј уредник и водител е Ненад Ѓоргиевски.

И овој пат имаше интересни гости со куп муабети за нивните професии и актуелни случувања.
Во вчерашната емисија во студиото на Тв21 гостуваа Миа Костова, Бети Цонева- Сикрет и Жаре Бербер, секој со своја интересна приказна за себе.

Меѓу актуелностите добар дел од емисијата можевме да слушнеме детали за „новите“ гради на Миа која што за прв пат по операцијата зборуваше на телевизија за искуството со пластичната хирургија.

Бети исто така се задржа на трендот во пластичната хирургија и новитетите кај салоните за разубавување, а од Жаре можевме да чуеме кој е причината за неговата промена на професијата од бербер во пејач.

Имавме можност и да ги видиме готвачките вештини на секој од гостите, а кој од специјалитетите на крајот завршија на трпезариската маса погледнете до самиот крај од видеото со целата емисија „Нешто се крчка“…