Home INFO Неверојатно: Колку наплаќа Том Круз за еден изговорен збор?

Неверојатно: Колку наплаќа Том Круз за еден изговорен збор?

реклама:

Холивудскиот актер има блескава кариера и многу филмски хитови, но благодарение на филмовите „Топ Ган“ и „Невозможна мисија“ ја достигна светската слава.

Денеска Том Круз е сеуште активен во својата работа и според последните хонорари се вбројува меѓу најплатените актери.

Круз најчесто можеме да го видиме во акциони филмови, а како што пренесува веб-страницата Casumo, се проценува дека Круз заработува 7.091 долар по изговорен ЗБОР, односно 205.639 долари за 10 секунди дијалог.

На второто и третото место на оваа листа се Курт Расел со 5.682 по збор и Џони Деп со 4.877 долари по изговорен збор.

Кај жените, Камерон Дијаз, сега пензионирана, води со 4.637 долари по изговорен збор, пред се, благодарение на филмот „Лоша учителка“.

Она што е интересно е што тука не е вклучен филмот „Топ ган: Маверик“, па се верува дека Том Круз отишол уште понапред од колегите по заработка.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------