Home INFO Неверојатна приказна: Зошто овој милионер одлучил да стане ѓубрар?

Неверојатна приказна: Зошто овој милионер одлучил да стане ѓубрар?

SHARE
фото: pixabay

Жонг Чонгронг е сосема обичен 51- годишен милионер кој по работното време прави нешто што шокира многу луѓе.
Пред 3 години тој одлучил да стане ѓубрар, па со кеса во раце го чисти реонот во кој живее.
– За време на семејно патување во 2015 година во Хајнан, сретнав пензиониран професор кој ми предаваше на Универзитетот Чингхуа. Ми рече дека во последните 4 години собира ѓубре по околната плажа. Тој беше среќен што се грижеше за животната средина, екологијата му беше во прв план. Тој ми остави таков силен впечаток што и јас самиот посакав да го сторам истото – открива Жонг.
Тој се обидува да ги мотивира и своите да го прават истото, но интересот е многу слаб. Дури и неговото семејство постојано се обидува да го разубеди да не го прави она за кое тој вели дека го прави среќен.
– Потполно е неважно колку сме академски образовани и дали ќе фрламе или собираме ѓубре. За нашата околина мораме да се грижиме. Кој ќе го прави тоа наместо нас? Никој. Тоа само значи дека ни самите мораме нешто да измениме – јасно и гласно се поставува милионерот кој е сопственик на неколку агенции за недвижнини, салони за автомобили и компании за изработка на материјали.

РЕКЛАМИ:
Loading...