Home ЗАБАВА Видео Неверојатна среќа: Рејвер преживеа пад од 20 метри (видео)

Неверојатна среќа: Рејвер преживеа пад од 20 метри (видео)

SHARE

Еден занесен рејвер на фестивал во Сиднеј ги шокирал посетителите.

Дечкото се качил на скеле високо 20 метри со цел да ја анимира публиката. Стигнал до врвот и почнал да мавта со рацете кон многу илјадната публика.

Охрабрувачките извици на публиката за многу кратко време се претвориле во врисок кога рејверот ја загубил рамнотежата и паднал од 20 метри височина.

Уште поневеројатно е што по ова тој едноставно се исправил.

Хектор бил хоспитализиран, но набрзо инсистирал да излезе од болницата со цел да се врати на фестивалот.

„Му благодарам на Бога… Ова што ми се случи е одличен пример за она што не треба да се прави на фестивали“ – изјавил преживеаниот рејвер.

РЕКЛАМИ:
Loading...