Home КУЛТУРА Настани Никола Маџиров на книжевен фестивал во Мумбаи

Никола Маџиров на книжевен фестивал во Мумбаи

SHARE

Поетот Никола Маџиров учествува на меѓународниот книжевен фестивал „Тајмс Лифест“ во Мумбаи во Индија, организиран од влијателниот весник „Тајмс“.

Темата на фестивалот е „Покорениот израз”, а учествуваат прозаисти, публицисти и поети од сите континенти. Маџиров учествува на настанот „Незамолчени гласови – Поетите и протестот”.

Поезијата на Маџиров е преведена и објавувана на хинди, малајалам, тамил и други индиски јазици. Хинди дневниот весник „Џансата“ во Индија ја објави поезијата на Маџиров на хинди јазик, а индискиот магазин за култура и политика, „Караван” испечати стихови на Маџиров, нарекувајќи го „македонски поет – неопходен глас на нашето книжевно доба”.

РЕКЛАМИ:
Loading...