Home ШОУ БИЗз Музика Нов албум на Стинг во септември

Нов албум на Стинг во септември

SHARE

Британскиот пејач Стинг го најави новиот албум со наслов „The Last Ship“ кој ќе се најде пред публиката на 24 септември.

Албумот, 11-ти по ред за музичарот, а прв кој излегува после материјалот „Scred Love“ од 2003 година, е дел од истоимениот поширок проект кој вклучува и мјузикл кој ќе се занимава со историјата на британското место Волсенд каде е роден Стинг, пренесува New York Times.

Мјузиклот ќе го режира Џо Мантело, режисерот на мјузиклот „Wicked“ и косценаристот на последниот филм за Џејмс Бонд – „Skyfall“.