Home СПОРТ Кошарка Нов пораз на МЗТ во АБА лигата, Пипан лут поради неискористените шанси

Нов пораз на МЗТ во АБА лигата, Пипан лут поради неискористените шанси

SHARE

Македонскиот кошаркарски шампион и претставник во регионалната АБА лига, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, синоќа  во „СЦ Борис Трајковски“ загуби од Игокеа со 77:81.

Нашиот шампион и покрај поддршката од околу 6.000 гледачи не успеа да го победи лидерот во ова натпреварување. Клучна за таквиот исход беше првата четвртина која гостите од Александровац ја добија со 24:13.

МЗТ фати приклучок во следните две четвртини, но во последната немаше сили за завршниот чекор. „Штрковите“ во последните 10 минути направија неколку, поради што по натпреварот тренер Алеш Пипан искажа незадоволство

„Ни фалеше последниот чекор. Се вративме во игра по двоцифрената негатива, но следуваа неколку несфатливи грешки, пребрзи шутеви, лоши додавања, технички грешки, што одличниот противник знаеше да го казни. Штом не искористиш пет-шест шанси кога се крши резултатот на крајот не можеш да се надеваш на успех“, рече Пипан.

Најефикасни во составот на МЗТ Скопје Аеродром беа Тодор Гечевски со 21 поен, а двоцифрен број поени постигнаа и Борис Бакиќ – 14, Никола Оташевиќ – 13 и Дамјан Стојановски – 11.

По овој пораз „аеродромци“ остануваат во средината на табелата со половичен биланс од 11 победи и исто толку порази.

Од 22.коло денеска се закажани три натпревари: Цибона – Сплит, Шолнок – Цедевита и Партизан – Унион Олимпија.

Крка – Црвена Звезда и Задар – Будуќност своите средби ќе ги одиграат утре, а овој круг ќе биде заокружен в понеделник со средбата Широки – Раднички.

Табела: Игокеа 17-5 (победи-порази), Црвена Звезда 15-6, Будуќност 13-8, Раднички 13-8, Партизан 13-8, Цедевита 12-9, Унион Олимпија 11-10, МЗТ Скопје Аеродром 11-11, Крка 9-12, Цибона 7-14, Широки 7-14, Задар 7-14, Сплит 7-14 и Шолнок 6-15.

РЕКЛАМИ:
Loading...