Home INFO Нова љубов или деловна соработка? Анџелина Џоли во друштво на овој...

Нова љубов или деловна соработка? Анџелина Џоли во друштво на овој милијардер (фото)

реклама:

По разводот со Бред Пит во 2016 година, неколку пати се шпекулираше за љубовниот живот на Анџелина Џоли, но таа не беше во јавна врска.

Според последните објави во американските медиуми, Џоли е забележана во друштво на британскиот милијардер Дејвид Мајер де Ротшилд.

Двајцата биле на ручек во ресторан каде се задржале околу три часа.

Не е потврдено дали станува збор за состанок или деловен ручек, иако се претпоставува дека средбата можела да биде од бизнис карактер бидејќи и двајцата се познати активисти.

Мајер де Ротшилд е поборник за заштита на животната средина, а во описот на неговиот Инстаграм профил пишува дека сака „да ги предупреди и информира луѓето за глобалното затоплување“.

Има 44 и е најмладиот од трите деца на Викторија Лу Шот и Сер Евелин де Ротшилд. Тој е наследник на банкарска империја на неговото семејство.

Според податоците на интернет, неговото богатство е повеќе од 10 милијарди долари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------