Home ШОУ БИЗз Мак сцена Нова балада на Димитар Андоновски

Нова балада на Димитар Андоновски

SHARE

Љубовта и овој пат победи кога станува збор за изборот на нова тема на ексклузивецот на Горила продукција Димитар Андоновски.

Тој се реши за балада создадена од перото на Лазар Цветкоски за која веќе следната недела на сите свои фанови ќе им подари и видео запис.

Спотот за новата тема на Андоновски беше сниман на две локации, Преспанското Езеро во Стење и во неговата Битола, а зад режијата ќе се потпишат Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска.

„ Беше прекрасно, а воедно и незаборавно искуство уште еднаш да се видат убавините на нашата земја. Убави пејзажи, недопрена природа, љубовна тема создадена од хит мејкерот Лазар Цветкоски, а тука се и режисерите Дади и Нена, кои уште еднаш докажаа дека се вистински професионалци, сето ова  мислам дека е доволно за да верувам во убав производ, кој ќе и биде достапен на публиката за неколку дена. Јас уживав, а би сакал и публиката да ужива гледајќи и слушајќи ја оваа тема, изјави веднаш по снимањето Димитар Андоновски.

По „Ова небо знае се„, една од најслушаните балади кај нас, чиј автор е Лазар Цветкоски, а интерпретатор Димитар Андоновски, не се сомневаме во успех.

РЕКЛАМИ:
Loading...