Home ЗАБАВА Видео Новата реклама со Ештон Качер покажува колку сме зависни од паметните телефони

Новата реклама со Ештон Качер покажува колку сме зависни од паметните телефони

SHARE

Паметните телефони станаа начин на живот, апарати без кои тешко може да се замисли денешниот живот.

Не дека е невозможно, но тие играат голема улога во нашиот живот.

За да се докаже дека луѓето се зависни од телефоните, Моторола направила експеримент, а со самото тоа и кампања за новните уреди, па така посетиле луѓе сместени во посебна соба.

Тестерите морале своите раце да ги стават на маса, додека уредот се наоѓал на средината, а еден од актерите е познатиот глумец Ештон Качер.

Ситуацијата на сите ни е позната, а повеќе можете да погледнете во видеото на крајот од текстот.

– Мислам дека телефоните се како фрижидерите. Сите сме се нашле во ситуавија во која сме отишле до фрижидерот, сме ја отвориле вратата и сме стоеле пред него гледајќи што има внатре. После тоа ја затвараме вратата и си заминуваме без да земеме ништо. Мислиме дека ако го отвориме фижидерот, дека нешто магично ќе се создаде внатре, вели Ештон.

Доказ за тоа се и овие неколку луѓе кои не издржале долго, а да не го погледнат уредот кој стоел на масата.