Home INFO Нови докази: Титаник не потонал поради тоа што удрил во санта мраз

Нови докази: Титаник не потонал поради тоа што удрил во санта мраз

реклама:G Natural

Во месец април 1912 година, најголемиот брод во тоа време „Титаник“, заплови од Саутхемтон кон Њујорк, но за жал не стигна до крајната дестинација.

Како причина за потонувањето е наведен ударот на бродот во санта мраз, иако екпертите откриваат нови докази за потонувањето на Титаник.

Според најновите откритија главната причина за потонувањето бил пожар на бродот. Се претпоставува дека на бродот имало пожар во машинското оделение кој траел цели три недели пред Титаник да заплови кон Њујорк.

титаник

Новинарот Сенан Молони проучувал ретки фотографии кои биле направени од главниот електро инжињер. Фотографиите биле направени пред да исплови Титаник.

Новинарот кој го проучува потонувањето на Титаник во последните 30 години, забележал 10 метарска дамка на бродот, токму позади местото каде што удрила сантата мраз.

Се претпоставува дека пожарот ја ослабнала структурата на бродот. Во моментот кога удрила сантата мраз во Титаник тоа само било капката која што ја прелила чашата, изјавил новинарот.

„Ова е како да создадете идеална ситуација, сите коцки треба да се поклопат за да се создаде голема трагедија, токму тоа му се случило на Титаник“, додал новинарот.

Молони тврди дека пожарот се прикривал и Титаник бил свртен на другата страна за да патниците не ја забележат дамката на бродот.
титаник

„Никој не ги забележал овие дамки. Сега екперти од металургијата ни тврдат дека доколку има пожар со голема температура на брод, цврстината на челикот се намалува дури за 75 проценти, станува премногу лесно кршлив“, додал новинарот.

Со новите откритија „Титаник“ потонал од ударот во сантата мраз, но поради пожарот кој претходно го ослабел средишниот дел на бродот.

Доколку бродот бил во добра состојва и удрил во сантата мраз, последиците немале да бидат толку големи, а „Титаник“ немало да потоне толку брзо.

титаник

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“