Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Видео: Погледнете го новиот спот на Ријана

Видео: Погледнете го новиот спот на Ријана

SHARE

Новиот спот на Ријана за песната „Where Have You Been“ официјално е објавен на YouTube.

Спотот веќе го погледнале 2 милиони луѓе од целиот свет.

Во спотот, убавицата од Барбадос го изведе досега најенергичниот танц за неа, играјќи облечена како кралица на племе.

Оваа 24-годишна пејачка обично не снима спотови со ваква енергична кореографија, па признала дека подготвувањето и самото снимање на спотот воопшто не и биле лесни.

„Затоа што сум многу зафатена, до сега немав многу време да вежбам кореографија, но сега навистина се потрудив. Џабе ќе направам спот ако движењата не ги направам совршено“, рекла Ријана.

Ова е петтиот сингл за кој таа сними спот од нејзиниот актуелен албум „Talk That Talk“. Спотот е во режија на Дејв Мајерс.

РЕКЛАМИ: ---