Home LIFE STYLE Новите производи на MAC со сигурност ќе ве освојат!

Новите производи на MAC со сигурност ќе ве освојат!

SHARE

Една од тајните на успешно нанесената шминка е правилното контурирање на лицето, но еднакво важно е правилното користење на хајлатер, со кој ќе истакнете одредени делови на лицето.

Благодарение на способноста да ја одбива светлината, овој козметички производ го прави лицето помладо и помазно, визуелно ги зголемува очите или го истенчува носот.

Па, што велите за три нијанси на совршен хајлајтер?

Hyper Real Glow е палета со неодолива кремаста формула и три нијанси, кои лесно се вклопуваат и оставаат беспрекорно блескав сјај.

Совршена 3 во 1 комбинација за секоја девојка.

Но, освен со светлината време е да си играме и со боите кои ги оживуваат усните!

Бидете храбра девојка подготвена за предизвици со Grand Illusion сјајните течни кармини достапни во 13 неодоливи нијанси.

MAC предлог на денот е Grand Illusion Glossy Liquid Lipcolour за металик усни.

Металик сјај за усни преполни со раскошни бисери, кој дава освежувачко чувство на ладење.

А, зошто вашите усни да не блеснат во Холивудски сјај?

Нека ве запомни светот по незапирливата боја на ВИВА ГЛАМ карминот за усни на СИА!

Сиа ви го претставува црвениот кармин со кој ќе го поддржите Фондот за СИДА на МАС, кој е толку гласен колку што се осмелувате да бидете дел од него.

100% од продажбите на VIVA GLAM се пренесуваат за мажи, жени и деца погодени од ХИВ/СИДА.