Home ШОУ БИЗз Мак сцена Ново музичко видео на Кацар за песната „Ајде“

Ново музичко видео на Кацар за песната „Ајде“

Пред неколку денови групацијата „Токсиколози“ презентираше ново музичко видео на интернет кое е позитивно прифатено од страна на нивните фанови истомисленици, иако е брендирано како (Free Video #1) што значи дека не е официјален спот, а и дека ќе следат уште вакви видеа после ова.

Станува збор за нова песна на Кацар со наслов „Ајде“.

Музиката е на Анакреонт XY, мастеринг на Андрејналин (заедно ги знаете како Аномалија Натива), видеото е снимано од Кики Теодоров, Гоги Полизов и Сиги, а монтирано е изведувачот на песната – Кацар.

Интересно е што во видеото има исечоци од настапот на „Токсиколози“ во Бугарија – Велико Трново, а и за прв пат Кацар ја претставува својата Рима т.е неговиот неодолив пес чувар 🙂