Home СПОРТ Фудбал Ново недоразбирање помеѓу Мурињо и Погба

Ново недоразбирање помеѓу Мурињо и Погба

SHARE

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го пофали Пол Погба поради силниот натпревар кој Французинот го одигра во победата од 2:0 над Борнемут. Меѓутоа, новото недоразбирање меѓу нив повторно предизвика разговори за нивната влошена врска.

Погба беше заменет во 80-тата минута, а потоа се приближи до клупата за да се поздрави со некои луѓе од штабот на „црвените ѓаволи“. Халфот се ракуваше со Мајкл Карик и Руи Фариа, но не ја протегна раката кон Мурињо, кој секунди пред тоа му посочи едно од местата, на кои седат резервите.

Португалецот аплаудираше на својот играч, додека тој се поздравуваше со неговите помошници, но потоа Погба одлучи да се насочи кон тунелот што води кон соблекувалните, наместо да седне на клупата. Тоа веднаш беше корегирано и Французинот беше повикан назад, по што тој седна на наведеното место зад Мурињо.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс изрази претпоставката дека Погба навистина може да си замине во текот на летото: „Да, мислам дека може да замине. Не знам, не сум разговарал со никого во клубот, но гледано отстрана, нивните односи не изгледаат многу добри“.

Пред два дена, „Дејли мејл“ објави дека Мурињо веќе им кажал на шефовите на клубовите дека Погба може да се продаде. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, неодамна изјави дека му било понудено да го привлече Погба во јануари.

РЕКЛАМИ: