Објавен списокот на кошаркари кои ќе се подготвуваат за олимписките квалификации

    SHARE

    Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски, денеска ги објави имињата на кошаркарите кои се наоѓаат на поширокиот список за почеток на подготовките за квалификацискиот олимписки турнир во Каракас, Венецуела.

    Македонија на овој турнир ќе се обиде за првпат да добие учесник на Олимпијада во екипен спорт. Натпреварите во Каракас ќе се одржат на почетокот на месец јули, а репрезентацијата со подготвки ќе стартува на почетокот на јуни.

    На списокот на Лазовски се наоѓаат: Владо Илиевски, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, Кирил Николовски, Дарко Соколов, Димитар Мираковски, Александар Костоски, Ивица Димчевски, Марко Симоновски, Тод Зафировски, Горјан Марковски, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Јане Петровски, Диме Тасовски, Никола Караколев, Огнен Стојановски, Џеремаја Мејси и Маркиз Грин.

    Македонија на предолимпискиот турнир е во групата „Д“ со Ангола и со Нов Зеланд. Двете првопласирани од групата продолжуваат во четвртфиналната фаза, а на ОИ ќе се пласираат трите најдобри од турнирот на кој ќе учествуваат 12 репрезентации.

    РЕКЛАМИ: ---