Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Објавена непримерна содржина: Сестрата на Ким Кардашијан е жртва на хакери

Објавена непримерна содржина: Сестрата на Ким Кардашијан е жртва на хакери

SHARE

Манекенката Кендал Џенер стана жртва на хакери, кои влегле во нејзиниот профил на Твитер и во нејзино име објавувале пораки со непримерна содржина.

Фановите биле шокирани кога ги прочитале нејзините Твитови кои ги објавија американските медиуми.

Набрзо сфатиле дека нешто не е во ред, затоа што знаат дека Џенер никогаш не би објавувала вакви статуси.

Синоќа се појавиле постови во кои беа споменати Џастин Бибер и нејзиниот славен татко, Брус Џенер.

Погрдните коментари се поврзани со нејзиниот татко, се споменува и булимија од која Кендал наводно боледувала, а како шлаг на тортата се споменува и како таа сексуално го задоволувала Џастин Бибер.

Кендал Џенер

Нејзиниот профил, со сите оние кои биле означени во статусите, Твитер привремено ги укинал. Кендал сеуште не се огласи по повод оваа незгодна ситуација.

РЕКЛАМИ:
Loading...