Home ЗАБАВА Занимливости Очила за слабеење: Ослабејте со помош на оптичка диета

Очила за слабеење: Ослабејте со помош на оптичка диета

SHARE

Колку пати сте јаделе, јаделе и јаделе, и никако да ги нахраните вашите очи?

Не се грижете, се појавија очила кои го лажат вашиот мозок и го намалуваат апетитот.

Очилата ја обработуваат сликата, така што порцијата пред вас ја прави за 50% поголема отколку што е. Интересно, нели?

Истражувањето покажа дека луѓето јадат 10% помалку ако мислат дека колачот кој им е сервиран е поголем отколку што е, и всушнот тоа била и идејата.

Јапонските стручњаци на чело со професорот Мичитаки Хиросео покрај овие очила измислиле и MetaCookie Plus кој диеталното колаче ќе го претвори во нешто во што особено ќе уживате.

Имено, необичната „капа“ за глава ќе ви испрати мирис на одредена храна директно во нос, додека сликата на саканата храна ќе се појави во вашите раце на телевизискиот екран.

Ако ова ви е комплицирано, обидете се со носење на сини очила, затоа што, наводно, сината боја делува на смирување на центарот во мозокот кој е одговорен за апетит.

Очилата ја обработуваат сликата, така што порцијата пред вас ја прави за 50% поголема отколку што е
Очилата ја обработуваат сликата, така што порцијата пред вас ја прави за 50% поголема отколку што е

 

РЕКЛАМИ:
Loading...