Home INFO Од бездомник до милиони: Џенифер Лопез ја отвори душата

Од бездомник до милиони: Џенифер Лопез ја отвори душата

реклама:G Natural

Латинодивата Џенифер Лопез е родена на 24 јули 1969 година во Бронкс, предградие на Њујорк. Нејзините родители се Порториканци. Таа отсекогаш јавно ја истакнувала својата приврзаност кон мајката Гвадалупе.

Детството го поминала во мал стан и во лоша финансиска состојба. Кога завршила средно училиште, Џенифер се нашла пред голема животна раскрсница и голема одлука. Мајка ѝ сакала да ја запише на колеџ, меѓутоа Џенифер имала сосема друг план.

„Не сакав да продолжам со школување, сакав да танцувам и ништо друго.“

Кога им соопштила на родителите дека сака да стане актерка и танчерка, не ја добила очекуваната поддршка. Во тоа време не била во најдобри односи со мајката, но денес вели дека ѝ е благодарна за сè.

„Мислев дека ќе покаже сочувство. Наместо тоа, рече: Немој никогаш да ме бараш додека плачеш. Сакаше да бидеш во оваа работа и подобро за тебе е да бидеш силна. И бев силна“, вели пејачката.

„Еден период од мојот живот мојата одлука скапо ме чинеше. Едно време живеев речиси како бездомник. Спиев на кауч во студио за танцување. Но, трудот се исплатеше.“

Кога наполнила 21 година, се преселила во Лос Анџелес за да ги оствари своите соништа. Живеела со неколку цимери во еден стан, во не баш добри услови. „Тогаш имав пари за едно парче пица дневно“, вели таа.

Поминале неколку години пред да ја добие првата голема работа, а по тоа, улогите се нижеле и Џенифер успеала да го оствари својот голем сон.

РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------