Home INFO Од позајмен фустан до милиони: Животната приказна на Јелена Карлеуша/ВИДЕО

Од позајмен фустан до милиони: Животната приказна на Јелена Карлеуша/ВИДЕО

SHARE

Јелена Карлеуша, на музичката сцена се појави во далечната 1995 и уште од тогаш го привлече вниманието на јавноста.

Во текот на нејзината кариера, пејачката многупати е мета на осуди и критики а нејзиниот почеток бил мошне тежок.

Она што Карлеуша го откри во една емисија, изненади многумина.

Имено таа и нејзината мајка Дивна биле во исклучително тешка финансиска состојба, па на почетокот од својата кариера таа неможела да си дозволи да ги купи ниту основните потребни работи.

За нејзиниот стил денес пишуваат и светските медиуми, но на почетокот не било така.

“Кариерата ја почнав за време на војната а она што сакав да го носам ниту имав од каде да го купам ниту пак имав со што. Многу често немав пари ниту за чорапи. Се сеќавам на моето прво телевизиско гостување на РТС, имав страшна трема. Носев фустанче сошиено од некој сребрен позајмен материјал. Имав смешна фризура и премногу шминка за 16 годишно девојче” – раскажува Јелена.

Ова видео го сподели фан страна посветена на Карлеуша.

“Во животот не е се мед и млеко. Нареден пат кога ќе помислите да плукате по оваа личност, само сетете се на видеото. Како таа почнала од нула а видете ја сега… “- стои во описот на видеото.

РЕКЛАМИ: ---