Популарната двојка, Бијонсе и Џеј Зи, деновиве повторно летуваат на хрватското крајбрежје.
Сместени на огромна, луксузна јахта, брачниот пар и нивните три деца, како и броен персонал од телохранители и дадилки, претставувале вистинска атракција.
Ова не е првпат музичките ѕвезди да ја посетат Хрватска.
Тие во 2009 година беа фотографирани во Дубровник и Цавтат.
Нивната јахта се упати и кон Корчула, каде што одат при секоја посета, а се верува дека како и секој пат кога се во Хрватска, ќе го посетат и малиот остров Врник, каде во тамошниот ресторан ќе уживаат во медитеранските специјалитети.
View this post on Instagram
Фотографиите од овогодинешниот престој во Хрватска, можете да ги видите ОВДЕ
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------