Home ЗАБАВА Занимливости Официјално: Жените се подобри возачи

Официјално: Жените се подобри возачи

SHARE

На мажите може и да не им се допадне овој факт, но жените официјално се подобри возачи.

Нјановото истражување вели дека претставничките на понежниот пол поретко ја надминуваат максималната дозволената брзина, не сопираат ненадејно и возат значително поретко во ноќтта од мажите.

Тимот на британски експерти покажа дека генерално жените возат до 20% побезбедно од мажите.

Истражувањето е спроведено од страна на компанијата за следење на возилата Wunelli која анализира црни кутии кои се користат од страна на некои осигурителни компании, за полесно да се утврдат надоместоците.

Во ова истражување, биле прегледани црните кутии на 19.000 автомобили, што се користеле за набљудување на над 40 милиони патувања во текот на четири години. Половина возачи биле мажи, а другата половина – жени.

Експертите на компанијата заклучиле дека жени за разлика од мажите, 25% помалку возат во текот на ноќта. 12% помалку од мажите ја надминуваат максималната дозволена брзина и нагло запираат за 11% поретко.

Инаку веста доаѓа еден месец пред стапувањето на сила на европска директива, која ќе ја забрани половата дискриминација за осигурителни цели.

РЕКЛАМИ:
Loading...