Home ШОУ БИЗз Мак сцена Ограбен Виктор од „Идол“- го нема цел албум, сега почнува од нула!

Ограбен Виктор од „Идол“- го нема цел албум, сега почнува од нула!

SHARE

Популарниот пејач Виктор Апостоловски во разговор за весникот „Вечер“ се пожали дека изминатиот период бил многу тежок за него.

„Тежок и стресен период е зад мене откако додека бев на одмор во Битола крадци ми влегоа во станот во Скопје, го превртеле и ми земале се што е вредно. Го зеле мојот десктоп компјутер, цела опрема за снимање и цел албум на кој работев пролетва и беше готов за издавање, но сега го нема. Како и да е, веднаш сфатив дека работите никогаш нема да ги најдам и дека треба да се подготвам и периодов да удрам машки и да го сработам сето тоа што ми беше одземено. Повторно почнав од нула, но со помош на семејството и пријателите, брзо се вратив во форма, се опремив и ете месец и пол по кражбата излегувам со нова песна, а албумот ќе биде оваа есен, вели идолот за Вечер и додава дека сега со него често се шегуваат дека крадците изгледа не му ја слушнале претходната песна „Не се предавам“.

Популарниот пејач Виктор Апостоловски, најпознат по учеството во шоуто „Идол“ има нова песна со наслов „Најважно од се“ за која токму тој се потпишува како комплетен автор.

Во моментов се работи на видео записот кој ги доживува своите финални моменти.

– Песната е со малку етно моменти, со песната ги повикувам сите да се опуштат и за миг да ги остават настрана грижите и тешкотиите што животот ги носи, вели Виктор за Вечер.

РЕКЛАМИ: ---