Home ЗАБАВА Занимливости Ослабете со пиење на кафе: Доволно е да го знаете овој трик

Ослабете со пиење на кафе: Доволно е да го знаете овој трик

SHARE

Макијато, лате, капучино, домашно кафе – со толку видови на кафе ви се чини дека не може да се смисли нов вид.

Но, „путер-кафето“ станува се популарно.

Дуплото еспресо со густа пена, лажица путер и лажица кокосово масло звучи чудно, но веќе се прошири во Америка и пристигна во Велика Британија.

Новите истражувања откриле дека маста е подобра за нас од шеќерот, особено кога се работи за килограмите.

„Масното кафе“ засега може да се купи во неколку места во Лондон, а лесно може да се направи и дома. Некои обожаватели го пијат и дури како замена за оброк.

Кафе и путер

Тие тврдат дека комбинацијата на состојки го прави совршен појадок во шоља, па кафето во исто време дава енергија, ја подобрува концентрацијата, ги согорува калориите и го одржува чуството за ситост.

Негативно е тоа што има специфичен вкус и што многумина кои за прв пат го пиеле имале проблеми со дијареа и мачнини.

Овој масен напиток го осмислил американскиот бизнисмен Дејв Еспреј, кој пиел чај со путер додека патувал во Тибер.

Така дошол на идеја да осмисли пијалок со ниско ниво на јаглехидрати и високо ниво на масти кои, како што вели тој, штити од замор и некои хронични болести, а овозможува слабеење.

Путер

Оние кои го пијат овој напиток наутро, наводно, остануват сити до ручек.

„Путер кафето“ е најважната состојка во неговата диета. Тоа се прави од органско кафе, несолен путер (кој е добиен од крава која се храни со трева) и органско кокосово масло.

Со мешање на овие состојки се добива кремасто кафе со вкус на кокос кој останува во устата по пиењето.

Многу нутриционисти веќе ја примениле оваа диета, но во исто време на многумина не им е сеуште јасно како ова кафе придонесува за слабеење.

Според зборовите на диетологот, докторката Сара Шекнер, со пиење на високомасни и висококалорични напитоци всушност можете лесно да се здебелите, наместо да ослабете.

Таа предлага да си го пиете кафето кое обично го правите, но без крем, без путер и без шеќер.

РЕКЛАМИ: ---