Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Откриени нови виновници за смртта на Мајкл Џексон

Откриени нови виновници за смртта на Мајкл Џексон

SHARE

Судењето кое е закажано за следниот месец може да открие нови детали за последните денови од животот на Мајкл Џексон.

На листата сведоци е докторот Конард Мареј, кој не сведочеше на своето судење, како и најстариот син на кралот на попот, Принц.

Џексон почина две недели пред почетокот на турнеата „This is it“.

Во мејовите се наведува дека промотерската компанија (АЕG live) била загрижена поради тоа што Џексон пропуштил неколку проби и побарале помош од неговиот доктор Мареј, да го подготви за почетокот на истата.

Децата на Мајкл, Принц, Парис и Бленкет како и нивната баба Кетрин Џексон тврдат дека притисокот на АЕG live врз докторот Мареј, довело до смртта на Џексон, поради предозирање со хируршки анестетици.

Судијата пресуди дека адвокатите на кралот на попот изнеле доволно докази да докажат дека АЕG live го изнајмиле, влијаеле и ја надгледувале работата на докторот Мареј.

Судот пресуди и дека постојат доволно докази кои го потврдуваат тврдењето дека АЕG live можеле да предвидат дека Мареј користи опасни лекови при лечење и подготовка на поп иконата.

Судијата го отфрли барањето на АЕG live да се повлечат тужбите бидејќи адвокатите на Џексон докажале дека компанијата „не го проверила доволно докторот Мареј, бидејќи било потврдено дека тој имал многу долгови“.

Адвокатот на Џексон, Кевин Бојл изјави дека „конечно на виделина излегува вистината за смртта на Мајкл, која АЕG live сакаше да ја скрие од јавноста“.

Семејството на Џексон својот случај го засноваат на мејлот кој еден од директорите на АЕG live, Пол Гонгавер го напишал 11 дена пред смртта н Мајкл Џексон на 25 јуни, 2009-та година.

Мејлот кој е упатен до режисерот на концертот Кени Ортегa се однесува на проблемот кога Мареј забранил Мајкл да се појави на проата еден ден претходно.

Во мејлот пишува: „Сакам да го потсетам Мареј дека АЕG live, а не Мајкл Џексон, му дава плата. И сакаме да го потсетиме на она што го очекуваме од него“.

Адвокатите на Мајкл тврдат дека мејлот е доказ дека АЕG live го користел стравот на Мареј дека ќе ја загуби работата, која месечно му носела 150.000 долаи, па го натерале да го оспособи Мајкл да ги одржува пробите без разлика на неговото здрaвје.

Ортега кој соработувал со Мајкл на претходните турнеи, ги предупредил АЕG live за здравјето на  Мајкл кога се појавил една недела пред неговата смрт.

Ортега му напишал мејл на претседателот на АЕG live, Ренди Филипс, кој гласи: „Како да се две различи личности. Една која се обидува да го одржи она што беше и она што секогаш ќе биде, а втора која се наоѓа во оваа слаба и проблематична ситуација. Јас верувам дека имаме потреба од професионална помош за ова прашање“.

Филипс во својот одговор покажал голема подршка за Мареј: „Овој доктор е многу успешен и не му е потребна оваа работа така да е непристрасен и етичен“.

Два дена по смртта на Мајкл Џексон, Мареј пред детективите изјавил дека го користел хируршкиот анестетик, пропофол секоја ноќ во период од два месеци за да му помогне на Мајкл да се одмори за пробите. Мареј тврди дека Мајкл го барал тоа од него.

Аутопсијата покажа дека Џексон починал од преголема доза на попофол во комбинација со седативи.

Мареј служи затворска казна за убиство од невнимание, а АЕG live тврди дека не се одговорни за смртта на Мајкл Џексон, бидејќи Мареј не бил нивен вработен.

Тужбата бара од компанијата АЕG live да ја плати сумата која Џексон би ја заработил за време на последната турнеа, доколку не починеше во 2009-та година.

Ако се докаже дека тие се одговорни за смртта на поп иконата, компанијата би можела да изгуби милијарди долари.

Моментално АЕG live, која е само дел од глобалната компанија за забава АЕG, се продава за 8 милијарди долари.

 

РЕКЛАМИ:
Loading...