Home INFO Откриени се шокантни детали за убиството на Македонката Адеа Шабани

Откриени се шокантни детали за убиството на Македонката Адеа Шабани

SHARE

Телото на починатата Македонка Адеа Шабани, пронајдено во плиткиот гроб во Јужна Калифорнија било идентификувано по нејзините тетоважи.
Првичните резултати од аутопсијата откриле дека Адеа се здобила со удар во главата со тап предмет. На нејзиното тело немало видливи повреди.
Таа според првичниот извештај бил мртва повеќе од еден месец. Вистинската причина за смртта ќе се знае дури откако ќе се добијат резултатите од токсиколошките испитувања и од анализата на ткивото, пренесуваат американските медиуми.
Капетанот Били Хејес на вчерашната прес – конференција рекол дека смртта на Шабани настанала од удар во главата. Осомничен е Кристофер Споц кој се самоубил минатиот викенд, пукајќи си во главата додека бегал од полицијата. Мотивот за убиството сеуште не е познат.
Капетанот Хејес откри и нови детали поврзани со Споц. Кога првпат бил испрашуван од полицијата тој признал дека на 23 февруари заминал со Адеа кон Сакраменто. Изјавил дека се скарале, па ја оставил сама на патот во близина на Санта Кларита. После тоа веќе не ја видел. Наместо кон Сакраменто отишол кон Колорадо да се види со свршеницата.
Шабани последен пат била видена жива на 23 февруари. Телото на Адеа е пронајдено на 26 март. Истрагата за убиството на македонската актерка продолжува.

РЕКЛАМИ:
Loading...