Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Откриено колку милиони „тежи“ Ријана

Откриено колку милиони „тежи“ Ријана

SHARE

Кариерата на Ријана започна во 2005-та година, за 13 години подоцна таа сеуште да е една од најпопулатните ѕвезди во шоу бизнисот.

Покрај музичката кариера, Рири се смета за модна икона која има успешна соработка со Пума, а последната година ја претстави и својата линија на шминки.

Но, дали некогаш сте се запрашале колку „тежи“ Ријана?

Ријана годишно заработува околу 70 милиони долари, иако во октомври 2017-година само од брендот Fenty Beauty заработи 72 милиони.

30-годишната ѕвезда се претпоставува дека тежи нешто повеќе од 245 милиони долари.

Инаку Рири последно најави дека ќе дизајнира своја линија на долна облека, од каде се очекува да заработи уште милиони.