Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Откриено: Принцот Вилијам има индиско потекло

Откриено: Принцот Вилијам има индиско потекло

SHARE

Принцот Вилијам, додека чека за еден месец по првпат да стане татко, во меѓувреме открива дека има индиско потекло, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Весникот нагласува дека корените на вториот по ред претендент за британскиот престол биле утврдени врз основа на анализа на неговата плунка.

Имено, истражувачите од Универзитетот во Единбург тврдат дека ДНК на внукот на кралицата Елизабета Втора е поврзан со ДНК на жена која била половина Индијка.

Претходно е утврдено дека Елиза Кеварк, прапрапрабабата на мајката на Вилијам, Дајана Спенсер, била Ерменка, но нејзините анализи на ДНК покажале дека имала и индиска крв.

Генетичарот Џим Вилсон од шкотскиот универзитет истакнал за „Тајмс“ дека индиските корени на принцот Вилијам се апсолутно „неспорни“.

РЕКЛАМИ:
Loading...