Home ШОУ БИЗз Балкан Откриено жирито во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Откриено жирито во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

SHARE

Наскоро почнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, па атмосферата полека се загрева, а во јавноста почнуваат да се појавуваат последните детали.

Бидејќи е откриено дека во емисијата се враќа водителката Сања Кужет, сега вниманието е насочено кон жири комисијата.

Се знае дека во шоуто повторно ќе биде Марија Шерифовиќ, а на оваа тема зборуваше и Јелена Карлеуша.

Пејачката за српски „Курир Старс“ ќе каже:

„Пред неколку дена имав таен состанок со Саша Поповиќ и Марија Шерифовиќ во врска со шоуто. Не сум сигурна дали смеам да откривам, ама ајде… ќе биде истата екипа. Најбитните ќе бидат тука Марија, Лукас, Бекута, Босанец и јас“.

Јелена не спомена ништо за местото на Вики Миљковиќ, па ќе видиме дали таа ќе биде дел и во новата сезона, која ќе биде еднакво интересна како и минатата.