Home INFO Отровна риба се појави на грчкото крајбрежје, еве што да направите доколку...

Отровна риба се појави на грчкото крајбрежје, еве што да направите доколку ја згазнете!

SHARE

Отворната „риба пајак“ годинава првпат е забележана во грчкото туристичко место Неи Пори.

Како што пренесува српски „Телеграф“, повикувајќи се на туристите кои оваа година престојуваат таму, Србинка добила била ранета од рибата на палецот од ногата.

Веднаш по убодот таа побарала лекарска помош, а докторот ѝ кажал дека имала среќа што се јавила во првите 15 минути по убодот од отровната риба.

Рибата, која најчесто живее во големите длабочини, во последно време се почесто се појавува во близина на крајбрежјето, а бидејќи вешто се сокрива во песокот, доколку ја згазнете таа испушта отров.
Кога ќе испушти отров почнуваат неподносливи болки па затоа потребна е итна медицинска помош.
Првата помош е жешка вода затоа што отровот е термолабилен, поради тоа не е лошо секогаш покрај себе да имате шише вода која ќе ја чувате на сонце.

Оваа опасна риба ја карактеризираат високо поставени очи, долната вилица е подолга од горната вилица, и шарите на грбот. Од долната страна има боцки свртени наназад, а слични боцки има и на првата грбна перка.

Токму со убодот од овие боцки, морскиот пајак го внесува отровот во телото на жртвата со драматични последици, а некогаш во минатото кога немало адекватна медицинска помош сето тоа резултирало со смрт.

РЕКЛАМИ: ---