Home КУЛТУРА Настани Отворање изложба „Градина на бои – Допри ја уметноста 2“

Отворање изложба „Градина на бои – Допри ја уметноста 2“

SHARE

Во фоајето на Музејот на современата уметност денеска ќе биде отворена едукативната изложба „Градина на бои – Допри ја уметноста 2“, на која ќе бидат презентирани дела изработени во рамки на едукативно-креативните работилници.

Во периодот од 15 јуни до 24 јули годинава Македонското Монтесори Здружение и Музејот на современата уметност го реализираа проектот „Градина на бои – Допри ја уметноста 2“.

Овој проект им овозможи на децата запознавање со познати домашни и светски уметницикако: Матис, Кандински, Дали, Ники де Сен Фал, Кало, Ворхол, Питер Филипс, Петковиќ, Куновски, Плавевски, Јанкулоски…

Во рамки на проектот „Градина на бои-Допри ја уметниоста 2“, беа реализирани 12 едукативно-креативни работилници кои беа посетени од околу 60 деца на возраст од 4 до 10 години. Работилниците се реализираа во Монтесори центарот и во Музејот на современата уметност.

На изложбата посетителите ќе имаат можност да видат стотина дела изработени во разни ликовни техники: темпера, акварел, колаж, потоа објекти, како и дела во комбинирана техника.

РЕКЛАМИ:
Loading...