Home INFO Ова е најчудната и најтрогателна животна приказна! Бебе се роди четири...

Ова е најчудната и најтрогателна животна приказна! Бебе се роди четири години по смртта на неговите родители

SHARE
Фото: pixabay,com

Во 2013 година, млада брачна двојка во Кина загина во сообраќајна несреќа, само пет дена пред закажаниот пренос на емрион од вонтелесно оплодување.
Двајцата загинати биле единци, па нивните родители инсистирале да се зачува ембрионот и да пронајдат сурогат мајка.
Голготата започнала поради непостоењето на закон со кој би се утврдило кој ќе располага со ембрионот. Ова го решиле со формална тужба еден кон друг, но потоа се јавил следниот проблем, сурогат родителството е забрането во Кина.
Семејствата морале да се обратат и кон илегални агенции и една од таквите им пронашла болница во Лаос која била подготвена да го преземе ембрионот.
Во Лаос успешно е направено вештачкото оплодување.
На радост на бабите и дедовците, сурогат мајка од Лаос во декември 2017 година го роди момчето Тиантиан во болница во кинескиот град Гуангзу.
-Беше судено Тиантиан да дојде на овој свет. Ќе му кажеме дека неговите мајка и тако се во странство, додека не биде доволно голем да сфати. Тогаш ќе му ја кажеме вистината, изјавил гордиот дедо.

РЕКЛАМИ: ---