Home INFO Ова може да ви спаси живот: Еве што да направите ако ве...

Ова може да ви спаси живот: Еве што да направите ако ве касне змија отровница

SHARE

Без разлика дали случајно ќе ја допрете или пак ќе ја згазнете, секоја змија ќе ве касне во одбрана, мислејки дека сте и закана.
Некои од симптомите по каснувањето од змија се мачнина, вртоглавица и повраќање, оток на местото на каснувањето, отекување на лимфните јазли. На местото на убодот се појавуваат две крвави точки, понекогаш и една.
Опасни се само каснувањата од змиите отровници. Поскокот е многу отровен и доколку не се побара лекарска помош, може да заврши со смрт.
Каснатото лице веднаш треба да го одведете до најблиската болница. Често можете да прочитате дека каснатото место треба да се засече и да се истиска отровот, но ова е сосема погрешно. Со ова само ќе ја влошите состојбата. Раната можете да ја подврзете за да го спречите ширењето на отровот, но ова мора да се изведе така што не треба да го попречи прототкот на крв. Тешко е подврзувањето да се направи стручно па не се препорачува ниту ова.
Ни случајно немојте да пиете алкохол по каснувањето од змија, бидејќи на овој начин се прошируваат крвните садови.

РЕКЛАМИ: ----------