Home INFO Овие феномени науката не може да ги објасни

Овие феномени науката не може да ги објасни

SHARE

Научниците објаснија безброј мистерии во светот благодарејќи и на астрономијата, егзактните формули, експертските анализи но и научни факти.
Ова се феномени на кои наука не може да им даде разумен одговор и научно објаснување.

Интуиција

Дали некогаш сте имале чувство или едноставно сте знаеле дека нешто едноставно ќе се случи, а немате објаснување зошто е тоа така.
Интуиција или екстра сензорна перцепција е чувство за нешто што се случило или што треба да се случи во иднина. Шестото сетило или интуицијата е нешто што најмалку може да се објасно а што помалку или повеќе им се случило на многумина.

Живот после смртта

Речиси сите сме слушнале приказна каде што некој има срцев удар или операција па медицинскиот тим се обидува да го оживее.

И покрај клиничката смрт, тој го гледа тимот како работи на него додека тој лебди над болничката соба и има чувство на мир. Многу од луѓето кои доживеале животот по смртта, исто така, тврдат дека се сведоци на некаков тунел со заслепувачки бела светлина и пријатна топлина. Често според луѓето кои имале вакво надтелесно чувство им се јавува и еден глас кој им кажува дека не е нивно „време” и тие мора да се вратат назад.
Некои мислат дека овие искуства доаѓаат од мозокот како халуцинација кога се ближи крајот на човекот.
Огромниот број на ваквите „живот после смртта“ приказни е една од причина да се верува дека има нешто по смртта.

Духови

Духовите се жешка тема во медиумите. Духот е опишан како енергијата на еден човек, предмет или животно, кој остава психички печат на нашето постоење.
Фотографии, феноменот на електронски глас и други необично кои често се тргаат настрана, служат како релевантни и тешко е да се негираат како докази. Алтернативно, некои од овоие “докази” лесно може да се објаснат или разоткријат.
Сепак, научниците не може целосно да го негираат постоењето на духови. Оние кои веруваат дека се сретнале со дух, не постои некој што може да ги убеди дека тие не постојат.

НЛО

НЛО е неидентификуван летачки објект. Меѓу луѓето во желба да видат нешто што не можат да си го објаснат честопати како неидентификувани летачки објекти ги перцепираат и временските балони, метеорите, специјализираните воени авиони, или голем број на други објекти за кои има сосема логично објаснување.
Но сепак, постојат и случаи каде овие работи може да се отфрлат. Има голем број на случаи каде што сведоци, како што се пилоти, воени лица кои се колнат дека виделе нешто за што тие не веруваат дека се од нашиот свет.
Дали постојат вонземјани меѓу нас? Со оглед на длабочината на нашиот универзум, тоа не е невозможно.

РЕКЛАМИ:
Loading...