Home СПОРТ Падна рекордот на Реал, Барса без конкуренција во Шпанија (видео)

Падна рекордот на Реал, Барса без конкуренција во Шпанија (видео)

SHARE

По пауза од 27 години, вечерва падна рекордот што го држеше Реал Мадрид. Тој изнесуваше 34 натпревари без пораз во низа, а Барселона со денешната победа против Рајо Ваљекано од 5:1 дојде до бројката од 35. Барселона брзо поведе со 2:0 со головите на Ракитиќ (22′) и Меси (23′). На почетокот од второто полувреме Меси (53′) зголеми на 3:0, за 4 минути подоцна Манучо да намали на 3:1. Меси во 72. минута го постигна својот трети гол а Арда Туран стави точка на натпреварот со голот во 86 минута и ги постави конечните 5:1

Серијата почна по поразот од Севиља на 3 октомври и трае точно пет месеци, а во овој период Барселона оствари 29 победи и шест нерешени резултати. Таа може и да потрае ако в недела каталонскиот тим не загуби кај Еибар. Инаку, апсолутниот рекорд во најсилните лиги во Европа го држи Јувентус и тој изнесува 43 натпревари без пораз.

Повеќе на www.sportmax.mk

РЕКЛАМИ: ---